Свет
19. September 2016 - 8:55

Нови единици на НАТО ќе пристигнат во Полска и балтичките земји до мај 2017 година

НАТО соопшти дека ќе распореди нови единици во Полска и балтичките земји до мај следната година.

Во јуни НАТО ги претстави плановите за испраќање на четири баталјони со околу 4.000 војници во Полска и балтичките држави, како дел од мерките преземени од Алијансата како одговор на дејствијата на Русија во Украина.

Претседателот на Воениот комитет на НАТО, генерал Петер Павел изјави дека Алијансата ќе распореди нови сили во Полска и балтичките земји до мај следната година, а дел од нив, околу 1.000 војници, ќе пристигнат и порано.

- Кога станува збор за овие четири баталјони, ние не зборуваме само за тренинг-присуство. Тие сили треба да служат како средство за спречување, но ако е потребно и како борбена сила, истакна Павел.