Нови директори на три јавни здравствени установи, разрешени економските директори на повеќе ЈЗУ
Министерството за здравство соопшти дека минатата недела биле именувани директори на неколку јавни здравствени установи и се разрешени економските директори во повеќе ЈЗУ.
За директори се назначени Салија Љатиф на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“, Ангелчо Андоновски на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, а Филип Гучев на Универзитетска клиника за ревматологија.
Од Министертвото информираат дека во Психијатриската болница Бардовци останува досегашниот директор, Ќамиљ Ковачи.
Разрешени се економските директори на клиничките болница во Тетово и во Штип, на универзитетските клиники за радиотерапија и онкологија, за кардиологија, за кардиохирургија, за клиничка биохемија, за неврохирургија, за дигестивна хирургија, за пластична хирургија, за торакална и васкуларна хирургија, за гастроентерохепатологија и на ТОАРИЛУЦ.
- Во врска со именувањата на директори во јавните здравствени установи стоиме зад донесените одлуки и веруваме дека заеднички со овие кадри ќе ја реализираме нашата визија за подобро здравство за сите граѓани на Република Македонија. Напоменуваме дека редовно ќе ја следиме работата на новите ВД директори и ќе реагираме доколку изостануваат очекуваните резултати, стои во соопштението од Министерството за здравство
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред