Балкан
9. April 2016 - 11:38

Нови детали за убиството на Јелена: Во понеделник ќе се апси убиецот

Како што дознава порталот Пинк. рс, случајот за бруталното убиство на пејачката Јелена Марјановиќ многу е комплициран и замрсен. Меѓутоа, врз основа на собраните докази во понеделник на 11. април ќе бидат окончани некои вештачења кои би можеле да доведат до нови информации во врска со убиството  на Јелена. 

- Се утврдува  на профилот на убиецот, доказите одат во добар правец. По вештачењето во понеделник ќе се знае повеќе за убиецот, вели изворот за порталот. 

Тој додава дека и понатаму е во тек истрагата за тапиот предмет со кој Јелена е удрена повеќе од 20 пати во главата, а голем број  на личности беа сослушани во полиција поради овој случај.