Нови детали за двојното убиството во Козле
Полицијата се уште не може да ја најде ташничката на убиените мајка и син во скопската населба Козле. Во неа се наоѓале пасошите на убиените, а се претпоставува дека имало и вреден накит.
Истрагата утврдила дека само синот бил посипан со брашно по убиството, па се претпоставува дека токму тој бил целта на убиецот и дека пораката била испратена до него.
Истрагата се движи во повеќе правци, меѓу кои и можноста да се работи за крвна одмазда.
На само еден ден пред убиството, роднина на убиените се вратил во Турција со оправдување дека имал неодложна работа.
Убиецот среде ноќ влегол во куќата, најверојатно прво ја убил мајката, а потоа го чекал синот во спалната. Претходно ги одвртел сите светилки, што е доволна причина за сомневање дека тој солидно го познавал теренот.
Синот бил убиен до креветот додека ги соблекувал панталоните.
Истрагата се уште нема осомничени иако, сите домаќини кои биле во куќата и не слушнале ништо биле ставени на полиграфско тестирање. Според информациите, сите го поминале тестот, односно ја зборувале вистината.
Убиецот пукал со пиштол со пригушувач. И двете жртви се убиени со истото оружје, па се претпоставува дека станува збор за еден сторител.
Ново на Сител
-
Мицкоски остварил средба со Ердоган, потврдена посветеноста за зајакнување на стратешкото партнерство
-
Димитриеска Кочоска: Темата со пратеничката Петровска е завршена за мене, се фокусирам на својата работа
-
НБА: Едвардс пред суспензија поради 16 техничка грешка сезонава
-
Кејти Пери оди во Вселената
-
Ватикан: Папата Франциск продолжува со лекувањето, неговата здравствена состојба се подобрува
-
26 годишна девојка пријавена за исчезната, пратила порака дека е во Србија
-
Сериозни инциденти во центарот на Атина по протестот за железничката несреќа
-
Шпанскиот амбасадор за Мицкоски: Пример за едноставност, чекаше ред на аеродром како сите други