Нови бомбашки напади, мртви на сите страни
Најмалку осум лица загинаа утринава, а повеќе десетици се повредени во два самоубиствени бомбашки напади во предградие на Дамаск, каде се наоѓа најголемиот шиитски храм во Сирија, објави сириската државна телевизија.
Автомобилот-бомба експлодирал на влезот од храмот Саида Зеинаб, кој е почитуван од сите шиити ширум светот.
Во овој кварт од почетокот на годинава припадниците на групата Исламска држава (ИД) извршиле најмалку три бомбашки напади.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, соопшти дека во експлозиите загинале најмалку девет луѓе, а 30 се повредени.
Храмот, кој се наоѓа на десетина километри од центарот на Дамаск, е под зајакнато обезбедување на безбедносните сили, но сепак неколку пати бил мета на џихадистички напади.
Засега никој нема преземено одговорност за денешните синхронизирани напади.
Ново на Сител
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%
-
Две недели операциони сали под клуч - Решение на повидок нема!
-
Момче загина од удар на гром