Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
Струмичкиот завод и музеј оваа година ќе реализира 35 нови проекти од музејската дејност, но и во делот на заштита и конзервација на недвижното културно наследство. За нивна реализација од страна на министерството за култура и туризам има одобрено буџет од 6.490.000 денари или за 2 милиони повеќе во однос на минатата година. Директорот на музејот вели дека ова претставува еден од највисоките буџети на институцијата досега и дека утврдените финасиски средства ќе овозможат реализација на проекти од национален интерес.
Дополнително институцијата од ресорното министерство има одобрено уште 212.200.000 денари за капиталните проекти како што се проектите за Стариот театар , црквата ,,Св. Кирил и Методиј,, како и зафатите во манастирскиот комплекс во с. Водоча.
Новитет од оваа година е тоа што институцијата ќе располага со делигиран буџет, а тоа значи дека директорот и вработените сами ќе одлучуваат, во висина на одобрениот буџет од страна на министерството за култура, за стратешкиот развој преку самостојното утврдување на приоритетните проекти. Целта на оваа одлука била да се создадат услови за поефикасно планирање и реализација на програмските содржини од страна на директорот и вработените во установата.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар