Македонија
26. March 2020 - 15:03

Нови 24 случаи на корона во земјава најмногу во Скопје 15, за прв пат и во Тетово

Нови 24 заразени со коронавирус се регистрирани последното деноноќие. Прв случај е регистриран и во Тетово. Се работи за 69 годишен пациент, кој бил на лекување во неколку здравствени установи во Скопје, а  околу 2 недели престојувал и во Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Козле.

И изминатите 24 часа најмногу заболени има во Скопје 15, во Куманово 4, Дебар 2 и Охрид и Штип по еден новозаболен.

Кумановскиот општински штаб веќе неколку дена бара градот да биде ставен под целосен карантин поради ширење на коронавирусот, апелираат да се засили Центарот за јавно здравје со епидемиолози и други стручни лица.

Инаку со последните бројќи во Македонија има вкупно 201 заразен со Ковид 19

- Скопје (123)
- Дебар (43) од кои 2 починати
- Куманово (15) од кои 1 починат
- Штип (8)
- Велес (3)
- Охрид (3)
- Кавадарци (2)
- Прилеп (2)
- Гостивар (1)
- Тетово (1)

Од друга страна уште двајца пациенти се излекувани на Клиниката за инфективни болести и пуштени се на домашно лекување. Досега има 3 излекувани пациенти, а 3 лица починаа од компликации од корона вирус.

Според последната анализа на ИЈЗ 32 случаи се импортирани, односно увезени од други држави, а останатите се заразиле со меѓусебни контакти.