Македонија
3. November 2015 - 17:32

Новата градинка во Ѓорче Петров ќе биде готова на пролет

Градинка за 150 дечиња ќе биде отворена напролет во Ѓорче Петров. Увид во градежните работи за новите згрижувачки капацитети денеска направија министерот Спасов и градоначалникот Митревски.  Детската градинка ќе биде адаптирана во дел од  просториите на основното училиште Ѓорче Петров. Ова е втора градинка во општината каде инвестираше министерството а следната година ќе биде направена уште една за околу 50 деца. 

 – „И понатаму продолжуваме со активности за зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст. Во моментов МТСП инвестира во 14 општини за нови 14 детски градинки и со тоа ќе се влијае да се зголеми опфатот на деца од предучилишна возраст во рамките на детските градинки во Р. Македонија, како и создавање на објекти во општините каде што досега воопшто немало детски градинки, а со тоа ќе се влијае во делот на подобрување на квалитетот на живот на децата и нивните родители“

 – „ изминатите години се направени бројни  напори за зголемување на капацитетот, отворени се 3  нови градинки во општина Ѓорче Петров и со тоа е зголемен бројот на згрижени деца за да можат родителите да си ги вршат своите обврски. “

За реконструкцијата министерството вложи околу 3 милиони денари. Уредувањето со сите функционални содржини  ќе го прави општината во сорабока со градинката.