Новата цена на парното ќе биде позната утре
За утре напладне Регулаторната комисија за енергетика закажа прес-конференција на која ќе биде соопштена новата цена на парното греење која ќе важи од 1 август.
Последните пресметки се завршуваат, а можно е поевтинување на цената на топлинската енергија која ќе ја плаќаат околу 60 илјади домаќинстава.
Од РКЕ изминатиов период истакнува дека поради ниските цени на гасот на берзите во Европа, најверојатно ќе има благо намалување на ценатата. Се разгледува барањата на трите енергетски комапнии и се одлучуваше што ќе им биде прифатено за трошок, а што не.
Се уште не е познато и дали грејната сезона ќе започне без главната топловодна мрежа, бидејќи цевките на мостот Беласица се уште не се поставени, а нема ни најава дали и кога ќе бидат.
Грејната сезона стартува на 15 ти октомври и трае до 15 април, со можност за пролонгирање од 2 недели ако временските услови го налагаат тоа.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка