Loading Video...
Тенис
16. January 2022 - 16:30

Новак Ѓоковиќ се враќа дома

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија. Федералниот суд му ја одби жалбата за укинување на визата. Одлуката на тројцата судии е дека невакциниран не смее на настапи на Австралија опен, затоа што преставува опасност за ширење на антиваксерското движење во Австралија. Со ова – десетдневната голгота на тенисерот заврши. Веќе е на пат за Дубаи, каде ќе одмори и ќе се врати во Србија. Потоа ќе даде коментар за случувањата.

- Разочаран сум со пресудата. Ќе одвојам малку време да се одморам и опоравам, па ќе дадам коментар за сето ова. Премногу сум разочаран со пресудата на судот да ја одбие мојата молба за преиспитување на одлуката на министерот за имиграција Хок да ми ја укине визата, што значи дека не можат да останам во Австралија и да учествувам на Австралија опен, напиша Ѓоковиќ.

Одлуката за укинување на визата е политичка, смета српскиот претседател Вучиќ. Со ваквиот потег австралиската влада се понижи.

- Вие 10 – 11 дена го малтертирате за да му ја врачите одлуката која ја знаевте уште првиот ден. Да кажевте дека не вакциниран и нема право да влезе во земјата, тој не би дошол и не би се вакцинирал. Вака оставивте можност за медицински исклучок. Во согласност со тоа дојде и направи се што требаше, а потоа следуваше шиканирање и малтретирање од невидени размери, медицински линч и лов на вештерки. На Новак сакавте да покажете  како функционира светскиот поредок и како  можат тоа да го направат на секој, кажа Вучиќ.

На Ѓоковиќ му се заканува забрана за влез во Австралија во наредните 3 годни. Ќе мора да плати и казна од половина милион долари, однсно 500 илјади австралиски фунти.

Инаку Ѓоковиќ на Австралија Опен ќе се обидеше да го освои рекордниот 10 трофеј на турнирот и рекордната 21 гренд слем титула. Првиот гренд слем турнур почнува утре во Мелбурн.