Loading Video...
Балкан
17. January 2022 - 21:19

Новак Ѓоковиќ пристигна во Белград и тивко го напушти аеродромот

Новак Ѓоковиќ пристигна во Белград. Со песна и транспаренти за поддршка навивачите го дочекаа на аеродромот Никола Тесла но тој не се појави пред нив, туку тивко си замина. Со изјава српкиот тенисер не ги удостои ниту медиумите.  Новак Гоковиќ нема да се огласува додека првиот гренслем не заврши сооппштија неговите блиски. Невакцинираниот светски тенисер број 1 вечра беше депортиран од Австралија откако ја изгуби десетдневната судска битка за влез во земјата и учество на првиот гренд слем турнир годинва. Во меѓувреме, за Ѓоковиќ стигнаа и лоши вести од Франција.

Вакцинацијата против ковид ќе биде задолжителна за сите спортски настани, а како што соопшти претседателот на Тениската федерација на Франција, за настап на Ролан Гарос нема да важат дозволите за медицинско изземање од вакцинирањето.