Македонија
23. March 2020 - 12:28

Нова жртва од корона вирусот, почина 63 годишен маж од Дебар

Уште една жртва на корона вирусот во Македонија. Од МЗ соопштија дека на клиниката за инфективни болести ноќеска почина пациент кој бил заразен со корона. 

Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар кај кој дошло до нагло влошување на состојбата. 

Пациентот е хоспитализиран на 17 март, со наод на белите дробови и бил зависен од кислород.

Откако се влошила неговата состојбата веднаш буил интубиран и ставен на респираторна машина но по неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. 

Пациентот немал историја на придружни болести. 

Ова е втор смртен случај во последните 24 часа. Вчера почина 57 годишна жена од Куманово, а заболен е и нејзиниот 33 годишебн син кој е во стабилна состојба.

До вчера се регистрирани нови 29 случаи, со што бројот на заболени се искачи на 114.