-->
-->
Нова жртва на Ковид-19 во Косово, вкупно 33 починати
-->
Жена на 74-годишна возраст од Призрен почина утрово на Инфективната клиника при Клиничкиот и универзитетски центар на Косово (ЌКУК), со што бројката на жртви на новиот коронавирус во земјата се искачи на 33.
Според соопштението од ЌКУК, и последната, како и сите други жртви на епидемијата, страдала и од други тешки болести.
Од почетокот на пандемијата во Косово се регистрирани 1.384 заболени од Ковид-19, од кои како излекувани се водат 928 лица. Активни носители на вирусот се 476 лица.
Во лабораторијата за микробиологија на Институтот за јавно здравство на Косово досега се извршени 17.934 тестирања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
Пациентите од трагедијата во Кочани, во втора и трета фаза ќе се лекуваат во штипска Клиничка
-
Безбедносната состојба во справување со пожари неповолна
-
Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа
-
Дисциплинска постапка за двајцата полицајци кои лажно тврделе дека возилото „Порше“ е службено
-
Вол Стрит загуби пет трилиони долари, Трамп вели - „Падот на акциите оди многу добро“