Loading Video...
Тенис
28. јуни 2022 - 17:59

Нова „жртва“ на Ковид-19 на Вимблдон

26-годишниот Матео Беретини е вториот тенисер кој поради позитивен тест на Ковид-19 го откажа својот настап на Вимблдон. 
 
Италијанец, кој лани го загуби финалето од Новак Ѓоковиќ, само неколку часа пред неговиот прв настап годинава во кој требаше да се сретне со Чилеанецот, Кристијан Гарин, преку социјалните мрежи потврди дека е позитивен на Ковид-19. 
 
Ден порано истата судбина ја преживуваше и Хрватот, Марин Чилиќ . 
 
Инаку британсклите медиуми веќе објавиуја дека актуелниот шампион Нивак Ѓоковиќ кој вчера го одигра првиот свој меч бил во контакт со Хрватот, Чилиќ, односно дека тие тренирале заедно како што тоа било и случај со Италијанецот, Беретини и вториот фаворит за трофејот во Лондон, Рафаел Надал чија заедничка фотографија од вчерашниот тренинг ги преплави медиумите на островот. 
 
Надал пак попладнево веќе излезе на центарлниот терен каде го игра мечот од 1.коло против Аргентинецот, Франциско Церундоло
 
 
Засега кај дамите нема пријавено такви проблеми. 
 
Првата фаворитка Ига Швјонтек без многу мака ја мина првата рунда. Полската тенисерка на својата противничка Јана Фет од Хрватска и препушти само три гема и тоа во вториот сет, откако првиот го доби со 6-0.
 
Пласман во второто коло обезбеди и 4-тата фаворитка Паула Бадоса од Шпанија која со 6-2 и 6-1 ја победи Американката, Луиза Кирико