Нова вакцина за ХИВ
Истражувачи од белгиските универзитети во Брисел и Гент тврдат дека развиле вакцина заснована на мРНА, којашто може да го зајакне имунолошкиот систем во случај на присуство на вирусот на човеков намален имунитет – ХИВ, објави порталот „Фокус на Белгија“.
Според научниците, целта на оваа вакцина развиена во Белгија, би била контрола на ХИВ. Лекот, всушност, користи липидни наночестички што „содржат дополнителен стимулативен сигнал за имунолошкиот систем“, коешто ја зголемува делотворноста на вакцината, како што рече еден од истражувачите.
Тие велат и оти вакцината може драстично да ја намали зависноста од постојните секојдневни лекови.
Ако нејзината благотворност се докаже кај луѓето (засега е тестирана само на лабораториски глувци), оваа нова вакцина може да донесе значителна помош и надеж за луѓето кои живеат со ХИВ.
Ново на Сител
-
Празнична акција на фондација Елеуса, поделени над 200 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ