Живот
24. May 2016 - 14:24

Нова трагедија во домот на убиената Јелена

 

Нова трагедија во домот на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ. По бруталното убиство на пејачката на Гранд, срцето на нејзината баба не издржа и таа замина во смрт.

Зорица Крсмановиќ, мајката на Јелена, само два месеца по големата трагедија која за неа беше најтешкиот удар во животот, уште пред да се помири со оваа несреќа, доживеа уште една голема трагедија откако почина нејзината мајка. Бабата на Јелена не дочекала да го види убиецот на пејачката зад решетки.

Инаку, ова е уште еден удар во животот на Зорица, таа го има загубено сопругот, па потоа ќерка си и мајка си.