Балкан
24. December 2015 - 11:09

Нова трагедија: Се удавија осум мигранти, меѓу кои шест деца

Осуммина мигранти, меѓу кои шест деца, загинаа рано утринава крај западниот брег на Турција, откако нивниот брод се превртел во Егејско Море на пат за грчкиот остров Лезбос, информираа турските медиуми, пренесува БТА.

Лошото време била причина претоварениот мал брод, што отпловил од турскиот град Бадемла, да се преврти во немирото море, посочуваат турските медиуми.