Нова стратегија за локален економски развој на Штип
Штип изготви стратегија за локален економски развој за периодот од 2019 до 2024 година. Стратегијата има пет клучни точки за развој на градот, а се работеше заедно со невладиниот сектор.
На денешната јавна расправа за петгодишната стратегија Борис Шарковски од Фондацијата за локален економски развој-Штип истакна дека е многу важно што во оваа стратегија нема листи на желби, туку јасни насоки и проекти за развојот на општината. Смета дека оваа стратегија дава насоки и на кои проекти да се работи, односно, пред се, да се обезбеди техничка документација, со цел општината да има готови проекти за апликација до фондовите на ЕУ или други донатори. Негов фаворит дефинитивно е гасификацијата, којашто ќе донесе и економски развој, но и почиста животна средина.
Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски во своето излагање потенцираше дека стратегијата е изготвена како заеднички труд на сите засегнати страни и преку широка консултација е планирано да биде имплементирана врз принципите на: законитост, прифатливост, чувство на сопственост, одржливост, квалитет, ефикасност и ефективност, насочен процес на планирање на развојот, сеопфатно планирање на развојот како и практики на добро владеење.
– Како локална самоуправа мора да размислуваме на долгорочен план за развој на нашиот град, затоа денеска ќе дебатираме за оваа стратегија во којашто ќе стојат предлозите и идеите на повеќе засегнати страни за напредокот на Општина Штип, рече Бочварски.
Тој истакна дека стратегија за локален економски развој придонесува кон стремежот за севкупен економски раст и просперитетна иднина за сите граѓани и во неа се вклучени сите параметри кои имаат значајно влијание врз економскиот развој на Општина Штип, тргнувајќи од основните фактори за стопанисување, па до можностите какви расположливи ресурси нуди општината со цел да дојдеме до финалните компоненти: генерирање на стабилен раст кај стопанските субјекти, зајакнување и зголемување на вработливоста кај младите, намалената невработеност, подигање на животниот стандард и позитивните економски перспективи на Општина Штип.
Ново на Сител
-
30 дневен притвор за обезбедувањето на Мицкоски се обидел да земе 50.000 евра за службените документи
-
На сметките на пензионерите легнаа повисоки пензии за 2.500 денари
-
Трендафилов со предлог - И јас и пратениците да земаме 500 евра плата, но и работниците да добијат толку
-
Државата ќе им исплаќа субвенциониран оброк и на вработените студенти со плата под минималната
-
Преглед на вестите од светот
-
Целосна забрана за пиротехника во затворени простории и повисоки казни денеска пред пратениците
-
Тројца пациенти кои се лекуваат во странство и натаму се во критична состојба
-
СДСМ: Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски?