Нова премиера и гостувања на Битолскиот театар
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола ги завршува подготовките на нова премиерна претстава како и подготовките за настап на „Охридско лето“ и фестивалот „Град театар“ во Будва, Црна Гора.
Од НУ Народен театар-Битола информираат дека премиерата на претставата „Август во округот осејџ“ ќе се изведе на 30 јули, а пред и по премиерата ќе се реализираат фестивалските настапи во Охрид и Будва.
-На барање на организаторите и фестивалските селектори, во Охрид и Будва ќе ја одиграме претставата „Бакхи-краток преглед на распадот“ за која како што е познато добивме високи признанија на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. На задоволство на македонската и црногорската публика, но и на наше задоволство, претставата на 25 јули ќе ја одиграме на сцената на „Охридско лето“, а на 10 август на фестивалот во Будва, информираа од секторот за односи со јавност при НУ Народен театар-Битола.
Како што е познато режисер на претставата „Бакхи-краток прегледна распадот“ е Игор Вук Торбица, драматург Билјана Крајчевска, а во претставата настапуваат 12 актери на битолскиот театар.
Ново на Сител
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари