Нова порно афера на Дара Бубамара: Ме уценуваат и ми бараат 50.000 евра!
Фолк ѕвездата Дара Бубамара поминува низ пекол поради пораки и фотографии со кои ја уценуваат уште од почетокот на годината.
Во исповед за српски Курир, пејачката тврди дека пораките во кои се допишува со непознати мажи на тема секс не се нејзини и дека веќе не знае што да прави, па на крајот ќе се обрати до полицијата.
- Ова ја помина секоја мера! Не можам нормално да живеам, не можам мирно да спијам од сите тие анонимни повици во кои ми се закануваат и уценуваат со секакви експлицитни пораки. Тврдат дека јас сум ги пишувала тие пораки, ми бараат пари, 50.000 евра, а бидејќи не сакам да им дадам, тоа го проследуваат до медиумите, вели Дара за српски Курир.
Претходно објавивме пораки од Дара Бубамара кои непознато момче ги испратило до редакцијата на српски Курир, а кое тврди дека се допишувало со пејачката. Според неговите зборови, жешката преписка со Дара е од периодот кога во јавноста протекоа нејзините провокативни фотографии.
- Тоа не сум јас! Да сум, ќе одговорев на нивните уцени, не би си го дозволила ова. Мојот син се ова утре да го прочита? Многу сум разочарана, тоа влијае на мојата кариера, на мојот приватен живот, но и на моето здравје. Единственото што ми остана да направам е сето ова да го пријавам до повисоки органи и веќе еднаш да го прекинам магичниот круг на оваа ужасна тортура, изјави видно вознемирената Дара Бубамара.
Ново на Сител
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари