Loading Video...
Фудбал
12. March 2023 - 18:43

Нова победа на Арсенал, Манчестер Јунајтед се откажа од трката за титулата

Лидерот во Премисер лигата Арсенал во дуел од 27.коло го победи Фулам на гостински терен со 3:0
 
Се беше завршено во првиот дел кога беа постигнати трите гола, а на сите три асистент беше ист играч Леандро Тросард. 
 
Во 21.та минута за 1:0 му асистираше по корнер на Габриел, пет минути подоцна Мартинели зголеми на 2:0, додека конечните 3:0 ги постави капитенот Одегард. Ова за Арсенал е петта победа во серија .
 
Сега Арсенал има 66 бодови, пет повеќе од Манчестер Сити кој останува единствен конкурет на топциите за титулата, бидејќи трето пласираниот Манчестер Јунајтед кој денеска одгра без голови 0-0 со Саутемптон, заостанува дури 16 бодови