Нова лабораторија за молекуларна микробиологија со ПЦР детекција
Формирана е нова лабораторија за Молекуларна биологија во рамки на Одделението за микробиолошка лабораторија во која детекцијата за доказ на квалитетна и микробиолошки контролирана вода за пиење се врши со Real-time PCR техника.
– Карактеристично во молекуларната биологија е дека за идентификација се користи DNK технологија, изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје, врши редовна микробиолошка и хемиска контрола на квалитетот на водата за пиење која се дистрибуира до граѓаните на градот Скопје.
Лабораториите кои се дел од Секторот за санитарна контрола, посочуваат од претпријатието, се акредитирани лаборатории според ИСО 17025 и се први во државата од овој тип, соопштија од претпријатието.
Микробиолошката лабораторија, како што информираат, врши анализи кои се работат со најновите класични методи за обработка. Со класичните микробиолошки методи кои се работат во лабораторијата идентификацијата на микроорганизми кои доколку се присутни во примерокот на вода трае од 24 до 48 часа.
– Real-time PCR детекцијата стана еден од најшироко користените техники, поради својот динамичен опсег, огромна чувствителност и точноста на резултатот за релативно кратко време. Добиените резултати по ваквиот специфичен и модерен вид на молекуларно микробиолошка анализа е доказ за квалитетна и санитарно технички исправна вода за пиење која ЈП Водовод и канализација -Скопје ја испорачува на своите корисници и гарантира секојдневно за безбедноста на истата, посочи Билјана Петровска, раководител на Секторот за санитарна контрола.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија