Македонија
20. August 2015 - 14:04

Нова кујна за детската градинка „Росица“ во Хром

Почна реконструцијата на кујната во градинката „Росица“, објект „Калинка“ во населбата Хром. Инвестицијата ќе чини околу 1 милион денари, а се очекува да заврши до средина на септември.

- Во оваа кујна се подговува храна за сите објекти на градинката. Централната кујна ќе биде реновирана по сите сите нормативи и ХАСАП стандарди, информира општина Ѓорче Петров.

За време на летниот распуст санирани се одводните јазли, променети се подови, а во училиштето „Ѓорче Петров“ се постави нов мебел во кујната. Извршена е дезинфекција и дератизација.