Нова кривична за Мерко
Струшкото обвинителство му поднесе кривична на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за незаконско поставување на директор на основно училиште во општината.
„Обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта. Иако Законот за основно образование предвидува дека вршител на должноста директор се избира од редот на вработените во училиштето кои ги исполнуваат условите за директор, обвинетиот за вршител на функцијата во училиштето во Радолишта именувал лице кое не ги исполнувало таквите услови, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа. Именуваната ја вршела функцијата директор на училиштето во година и половина, за кој период и биле исплатени плата и придонеси како в.д. директор со што му била нанесена штета на училиштето.“ – се вели во соопштението на Обвинителството.
Рамиз Мерко има серија обвиненија за неправилности во работењето а се наоѓа и на црната листа на САД.
Ново на Сител
-
Јапонската туристка што падна кај Канео во стабилна состојба
-
Пожарот во Визбегово локализиран, ЦУК бара решавање на проблемот со дивата депонија
-
Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, се чека од 30 до 45 минути
-
Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците
-
Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка
-
13-годишник со нож го прободел својот малолетен роднина
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило