Loading Video...
Свет
16. August 2022 - 12:21

Нова голема експлозија на Крим

Нова, недефинирана експлозија на полуостровот Крим. Овој пат станува збор за експлозија во складиште за муниција. Руското министерство за одбрана соопшти дека повредени се две лица, а жителите од најблиското село се евакуирани.

Претходно на Крим беше регистриран и пожар на трафостаница како и серија експлозии во воена воздухопловна база.  Експлозијата предизвикала голема штета и уништила многу руски воени авиони.

Украина пак, официјално не ја потврди или негираше одговорноста за пријавените експлозии на Крим во последните денови.

 

Бродот „Brave Commander“ го напуштил украинското пристаниште во Одеса, носејќи го првиот товар со храна за Африка, известуваат медиумите.

Бродот товарен со 23 илјади тони пченица треба да доплови во Џибути со товар наменет за Етиопија. Според портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дужарик, ова е првиот дел на хуманитарната помош во рамките на „договор за земјоделски производи“.

Украинскиот извоз на житарки е намален од почетокот на војната поради затворањето на пристаништата на Црното Море. Но, три црноморски пристаништа беа деблокирани минатиот месец по договорот меѓу Москва и Киев, постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција, кој овозможи стотици илјади тони украински жито да бидат испорачани до купувачите.