Нова фабрика во Бунарџик, ќе се отворат 200 работни места
Нови 200 работни места ќе се отворат со новата фабрика на домашната компанија ФПЦ Технопласт која денеска го постави камен темелникот во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје.
Станува збор за инвестиција во износ од 10 милиони евра. Целокупното производство, според најавите, ќе се извезува и вградува во автомобилските брендови БМВ, Ауди и Рено.
На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
ФПЦ Технопласт произведува пластични компоненети за автомобилската, електричната и електронската индустрија. Компанијата е фирма-ќерка на компанијата „Тетепласт” која функционира во Македонија скоро 20 години и своето производство, пред се, го наменува за странскиот пазар.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!