Нова дрога зема замав: Поефтина е од хероин, а ги уништува човечките ткива!
Нова дрога почна да се шири во Русија, а најранлива група се жени кои на крајот се бават со илегални работи за да дојдат до нова доза. Во Русија ја нарекуваат „сол“, а во САД „сол за бањање“ или „психоактивна сол за бањање“.
Во САД се продава преку интернет, а главната состојка е МДПВ, односно Психоактивна супстанца мефедрон, илегален од 2010 година.
Конзумирањето предизвикува возбудување, халуцинации, психоза, суицидални мили и срцев удар. Новата дрога може да се проголта, пуши или шмрка, но најголем ефект има , како и кај другите дроги со вбризгување со игла во вена. Посебно загрижувачки е то што „Сол“ е поопасна и поефтина од хероин. Порталот Деил Бест разговарал со пет корисници на „солта“ од градот Ирутска и сите признале дека се заразени со ХИВ и хепатит Ц. За да купат доза, која коѓшта помалку од 10 долари, некои заработуваат со проституција или препродавање на дрога.
поради раширеното користење на таа дрога, популарната „народна поговорка во Иркутска стана вистинита: „Во Сибир има сол колкушто има и снег“. „ Сол“ силно влијае на здравјето на жените, смета на менстралниот циклус, не јадат и ги доведува до драматично губење на тежината. Зависниците и нивните семејства и пријатели често не сфаќаат колку е тежок нивниот проблем.
Ново на Сител
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи