Нова демократија бара од грчката Влада јасен став за прашањето за името
Пратеникот на грчата опозициска партија Нова демократија Јанис Кефалојанис, кој е одговорен и за надворешната политика на партијата, побара од грчката Влада јасно да го каже својот став за прашањето за името на Македонија.
По вчерашната изјава на пратеникот на Сириза Макис Балаурас дека тој не би ја отфрлил можноста името на нашата земја да биде и само Македонија, Кефалојанис упати пратеничко прашање до Владата на Ципрас во кое бара да се изјасни дали ваквите ставови го рефлектираат мнозинството во Сириза, дали се поддржуваат вакви „лични мислења“ или се работи за „јазични лапсуси“.
Според него, со ваквите изјави „се додаваат аргументи на непопустливоста на Скопје, се зајакнуваат историски неточни претпоставки за македонизмот на Скопје и се поткопува националниот став формиран во април 1993 година“.
Балаурас во интервју за едно грчко радио вчера рече дека за него се прифатливи имињата како Северна Македонија или Славомакедонија, но оти не би ја отфрлил ниту можноста решението да биде едноставно Македонија.
Владата на Ципрас се дистанцира од оваа изјава и повтори дека позицијата на официјална Атина останува име со географска одредница за севкупна употреба. Владини извори уште додадоа дека изјавата нема да предизвика проблеми со коалицискиот партнер Независни Грци и оти се работи за личен став на пратеникот.
Во целата ситуација околу изјавата на Балаурас забележлива беше рекцијата на Независни Грци (АНЕЛ), чиј пратеник Танасис Папахристопулос рече дека пратеникот на Сириза има право на свое мислење и оти нема никакви проблеми во односите меѓу коалицвиските партнери во грчката Влада.
Оваа реакција на АНЕЛ предизвика збунетост во грчките политички кругови, особено после несогласувањата меѓу лидерот на независни Грци Каменос и Ципрас, откако министерот Музалас ја нарече нашата земја Македонија. Каменос тогаш бараше оставка од Музалас и рече дека тој никогаш повеќе нема да ја има поддршката од АНЕЛ, но сега, според некои аналитичари, по се изгледа дека помалиот коалициски партнер одлучил „да не ги расипува односите со Ципрас“ во врска со името.
Ново на Сител
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија