-->
-->
Нов Зеланд: Напаѓачот можеби имал поддршка и од други луѓе
-->
Новозеландскиот полициски комесар Мајк Буш изјави денеска дека напаѓачот на двете џамии во Крајстчрч, во кои беа убиени 50 луѓе, работел сам, но можеби имал и поддршка.
Буш рече оти полицијата верува дека Брентон Тарант е единствениот напаѓач, но не е исклучено тој да имал поддршка од други луѓе и оти тоа е „многу важен дел од истрагата“.
Напаѓачот, Австралиецот Брентон Тарант, беше уапсен неколку моменти по нападот во петокот и обвинет за убиство, а судијата завчера рече оти можеби тој ќе се соочи и со други обвиненија.
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн денеска изјави дека нејзиниот кабинет ги договорил измените на Законот за оружје, иницирани по нападот во Крајстчрч, кои ќе бидат донесени најдоцна 10 дена по нападот.
Во петокот, Тарант изврши напади врз две џамии, при што загинаа 50 лица, а повеќе од 40 се повредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска