Нов закон во Ирска: Кој вози пијан, ја губи возачката дозвола на самото место
Ирска донесе нов закон за возење во пијана состојба, кој веднаш стапува во сила. Според овој закон, секој кого полицијата ќе го фати дека вози со нелегална количина алкохол во крвта ќе ја изгуби возачката дозвола на самото место.
Законот стапува во сила на полноќ, а го најави министерот за транспорт Шејн Рос.
Според овој закон, сите пијани возачи кои се фатени од полицијата автоматски ќе ја изгубат возачката дозвола за период од три месеци. Пијаните возачи веднаш ќе бидат исклучени од сообраќај, штом полицијата ќе утврди недозволено количество алкохол во крвта.
Досега, Ирска имаше систем на казнени бодови, но поради големиот број несреќи предизвикани од пијани возачи, одлучи да усвои построги закони.
– Малку работи се толку неодговорни и опасни во секојдневниот живот како луѓето кои пијат, а потоа возат. Сосема е погрешно тие луѓе да добиваат благи казни и да им се впишуваат казнени поени и поради тоа во иднина луѓето кои се однесуваат на овој начин автоматски ќе бидат исклучени од сообраќај на три месеци, појасни Рос.
Ново на Сител
-
Пожари во Гевгелија и штипско Караорман
-
Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје возат само до 10 часот
-
Именување на генерален секретар на Собранието и барања за апанажа од поранешни министри на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Изречени 117 санкционирани возачи во Скопје
-
Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам
-
Французите протестираа против десницата
-
Ураганот Берил ја погоди Јамајка и ослабен се упати кон Мексико | ВИДЕО
-
Променливо облачно, во западните и крајните источни делови со локален дожд