Македонија
20. July 2017 - 12:35

Нов веб-портал за промоција на Охрид на англиски јазик

Во насока на промовирање на туристичките капацитети на Охрид и негова популаризација како уште попрепознатлива туристичка дестинација во светски рамки, отворен е нов веб-портал VisitОhrid.mkсо содржини за градот исклучиво на англиски јазик.

Менаџерот на новиот портал Синиша Пекевски смета дека Охрид како наша најатрактивна туристичка дестинација заслужува да си го најде своето место на туристичката мапа бидејќи навистина има што да понуди.

- Со овој портал сакаме да му помогнеме на Охрид и на Македонија, и да ги испромовираме сите убавини кои овој град ги има. Покрај тоа, сакаме и како бизнис-сектор да придонесеме за развој на економијата и креирање на нови бизнис и работни можности. Порталот ги има сите податоци кои му требаат на еден турист да се информира што да прави кога ќе биде во Охрид, изјави Пекевски, очекувајќи позитивни реакции и поддршка во нивните заложби за промоција на Охрид.

Тој најави дека во иднина покрај на англиски, порталот ќе биде достапен и на други јазици.

Меѓу целите на новиот портал под слоганот Feel Heritage, Feel Ohrid, се кеирање на идентитетот на Охрид како туристички град, како препознатлива дестинација во Македонија, грижата за културното наследство и неговото вреднување, поддршка на развојот на културните разноликости, отворањето институции и други субјекти во областа на културата и промовирање на туризмот во престолнината и слично.

Во VisitOhrid.mk најавуваат дека преку нивниот портал ќе им биде овозможено на странските посетители да се запознаат со сите содржини, настани, локалитети, промоции и да уживаат во магичноста и убавината на овој град.

Ново на Сител