Loading Video...
Кошарка
27. February 2020 - 14:33

Нов „трипл-дабл“ на Лука Дончиќ

 
 
 
Лука Дончиќ одигра уште еден брилијантен натпревар кој го заврши со нов трип-дабл учинок. Словенецот, постигна 24 поени, на кои придодаде 14 асистенции и 10 скокови, а заедно со Летонецот, Порзингис, кој покрај 28 поени имаше и 12 скокови, беа најзаслужните за победата на Далас во „Тексашкото дерби“ со Сан Антонио со 109-103
 
За Дончиќ тоа беше 21-ви трипл-дабл учинок во кариерата со кој се изедначи со легендарниот Џејсон Кид
 
Од останатите дуели одиграни ноќеска во НБА лигата ја издвојуваме гостинската победа на Бостон кај Јута со 114-103.
 
Резултати: Феникс - ЛА Клиперс 92-102, Шарлот - Њујорк 107-101, Кливленд - Филаделфија 108-94, Вашингтон - Бруклин 110-106, Атланта - Орландо 120-130, Мајами - Минесота 126-129 и Хјустон - Мемфис 140-112