Македонија
29. July 2016 - 10:43

Нов современ дигитален мамограф доби гевгелиската болница

Нов современ дигитален мамограф доби Општата болница во Гевгелија.

- Се работи за софистициран мамограф со чие што ставање во функција пациентките од Гевгелија и околните места дијагностицирањето сега ќе можат да го прават во нашата болница, наместо да патуваат до Скопје или други градови во земјата. Мамографот многу скоро ќе го ставиме во функција и ќе биде сместен во одделението за рендген техника, изјави денеска директорот на Општата болница во Гевгелија, Сретко Јованов.

Здравствените работници од Гевгелија се надеваат дека современиот апарат, кој чини повеќе од 600.000 денари, ќе даде голем придонес во превенирање и рано откривање на карцином на дојка кое е едно од трите најчести малигни заболувања кај жените во Македонија.