-->
-->
Нов шампионски појас во колекцијата на Ермин Мамудоски
-->
Ермин Мамудоски, кој по потекло од Пласница, кичевско, а роден и живее во Хам, Германија, придодаде нов шампионски појас во својата колекција.
Мамудоски кој е првак во верзијата на „Ол Фајт Систем Организацијата“ (АСФО) сега стана апсолутен шампион во оваа конкуренција откако го совлада Исмаил Алтинтас во битката на појасот во верзијата на ИФХА (Интернационалната фри-стај организација).
Иако повреден со скршеница на раката, Мамудоски не сакаше да ја откаже борбата, па со низа на лоу-кик удари во втората рунда го принуди својот противник да ја предаде борбата.
Со овој триумф 28-годишниот Мамудоски уште еднаш потврди дека е вистински шампион.
На задоволство на над 1.000 Македонци кои дојдоа да го бодрат, Мамудоски во 33-тиот меч во професионалната кариера, ја впиша својата 28 победа од кои дури 21 ги има завршено со нокаут.
Ермин за кого ова е осми (8) шампионски трофеј најавува дека тука не застанува и дека наскоро ќе атакува и на шампионскиот појас во тешка категорија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци