Македонија
27. September 2023 - 19:40

Нов проект за мерење на квалитетот на воздухот во Струмица

Струмица започнува проект кој треба да даде одговор на прашањата каков е квалитетот на воздухот што го дишат граѓаните. Освен загаденоста на амбиенталниот, за прв во државата ќе се прави мерење и на воздухот во затворените простории.  Мерењата започнуваат од октомври и ќе се вршат пред, за време и  по завршувањето на грејната сезона. За реализацијата на проектот ќе се користи најсовремена опрема и методологија која треба да помогне во идентификацијата и на изворите на загадувањето.Дел од истражувањето ќе бидат неколку домаќинства, една градинка и и  едно училиште.

Освен во Струмица со мониторингот  се опфатени и општините Струга, Кавадарци, Гостивар и Куманово.Проектот насловен ,, Справување со загадувањето на воздухот,, е финансиран од Шведската влада преку агенцијата за меѓународна развојна  соработка  Сида  која партиципира со околу 2 милиони и 300 илјади долари, УНДП со 25 000 долари и дополнителни средства од општините. Партнер во проект е министерството за животна средина и просторно планирање.