Македонија
14. January 2019 - 10:50

Нов проект за интеграција на Ромите 2019-2020

Соодветна правична застапеност на Ромите во државната и јавната администрација, создавање на основни предуслови за изградба на социјална зграда во Општина Шуто Оризари,  обезбедување адекватни средства од националниот буџет за имплементација на таргетирани и мејнстрим политики, како и целосно извршување на Буџетот предвиден за поддршка на Националната Стратегија за Роми се дел од предвидените цели на новиот проект насловен „Граѓанско општество за Интеграција на Ромите 2020“ кој ќе го спроведе Институтот за истражување и анализи на политики – Ромалитико, во период Јануари 2019 – Декември 2020 година.

Како што информираат од Институтот, проектот има цел да придонесе за Националните политики за Ромите, како и мејнстрим политиките на Владата на Република Македонија да направат видливи промени во секојдневниот живот на Ромите. Проектот треба да придонесе за исполнување на обврските на Република Македонија преземени со Регионалната Иницијатива  „Интеграција на Ромите 2020“.

Проектот  „Граѓанско општество за интеграција на Роми 2020” се состои од четири компоненти кои треба да придонесат кон исполнување на наведените цели. Една од нив е застапувањето на интересите на Ромската заедница во насока на изградба на социјални станови во Шуто Оризари.