Нов пресврт: Очекувајте снег и големо заладување
Под влијание на циклонска активност и на студена воздушна маса која ќе се спушта од северните географски широчини за време на викендот кој ни доаѓа во нашата држава ќе има врнежи од дожд на ниските и врнежи од снег на повисоките места и на планините каде значително ќе се зголеми снежната покривка.
Поради овој студен бран повремено на запад, северозапад и север врнежи од снег ќе има и на местата со надморска височина помала од 1000 метри што значи снежната граница повремено ќе се спушта и во некои од котлините кој се на поголема надморска височина.
Врнежите ќе бидат со поинтензивен карактер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Максимумот на температурите на воздухот за време на овој викенд ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 10 степени во сабота додека во недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.
Поради ветерот на повисоките места и на планините ќе има појава на снежни наноси.
Ново на Сител
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“