Нов пожар на депонијата Русино
Регионалната депонија Русино, од синоќа повторно гори. Огнот бил интезивен околу полноќ и предзвика реакции на жителите на Гостивар и околните населби, кои се жалеа на непријатна миризба и чад во воздухот.
Според Исак Љазами директор на гостиварското комунално претпријате пожарот се појавил некаде околу 20 часот. Огнот зафатил запалив отпаден материјал и биле повикани пожарникари. Гасењето било отежнато, бидејќи како објаснува Љазами, пожарот се појавил на непристапен терен.
– Од првичните сознанија и информациите со кои располагаме, причина за пожарот е човечки фактор. Во близина на депонијата биле запалени стари пневматици (автомобилски гуми), а огнот неконтролирано се проширил врз отпадниот материја. За жал, оваа појава се повторува и што е индикативно тоа се случува во период кога има празник. На овој начин се создава и неубава слика за нашиот град, вели директорот на ЈП „Комуналец“, Исак Лазами.
Пожарникарите заедно со екипа на комуналното претпријатие и градежна механизација до доцна синоќа работеле на локализирање на огнот. Огнот, утрово беше локализиран, но беше забележив чад кој излегуваше од депонијата.
Љазами уапти апел до надлежните органи да ги откријат сторителите и причините за предизвикување на пожарот и да го расветлат последниот случај.
За една недела ова е втор пожар на регионалната депонија и беше изгаснат за помалку еден ден.
Последниот голем пожар на депонијата Русино, лани во август, предизвика револт кај гостиварци. За да се спречи неговото ширење и поголеми последици во гаснењето беа ангажирани и пожарникари од соседните општини и државни институции.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата