-->
-->
Нов пораз на Карпош Соколи во АБА лигата
-->
Екипата Карпош Соколи го претрпе и вториот пораз дебитантската сезона во регионалната кошаркарска АБА лига.
Откако пред четири дена загуби на гостувањето во Словенија од Крка, денеска екипата на Карпош Соколи беше совлада и од тимот на Игокеа.
Во меч од 2.коло одигран вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ кошаркарите на Карпош Соколи загубија од Игокеа со 79-84 по четвртини: 18:26, 14:21, 22:20 и 25:17.
Во редовите на „соколите“ најефикасен беше Драган Лабовиќ кој средбата ја заврши со 22 поени, додека Кенрик Пери постигна 18.
Во петок (7 октомври) Карпош Соколи го очекува нов тежок дуел и тоа на гостување во Бар кај екипата на Морнар тим кој во претходите две кола загуби од Партизан со 1 поен разлика и на гостувањето кај Цибона со два разлика.
А, веќе утре, македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, кој вчера загуби од Партизан ќе гостува во Загреб кај екипата на Цедевита која минатата сезона играше во финалето на АБА лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар изби наспроти „Американ колеџ“ во Аеродром
-
Рекорднo намалување на бројот на склучени бракови минатата година во Кина
-
Нова дојава за поставена бомба во средно училиште во Загреб
-
Официјално пуштена во употреба компресорската станица за хируршките клиники
-
„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени
-
Девојка прегазена на пешачки премин во Штип
-
Опожарени два контејнера во Серава
-
ЕУ: Не сме добиле официјално известување за нови американски царини