Нов пакет монетарни мерки на Народна банка, основната каматна стапка намалена на 1,5 отсто
Народната банка донесе нов пакет монетарни мерки со кои ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни проени со што таа ќе изнесува 1,5 проценти. Проширен е и опфатот на инструменти за обезбедување денарска ликвидност во банкарскиот систем. Со релаксирањето на монетарната политика треба да се обезбеди поддршка од банките на домашната економија преку зголемување на кредитната активност и ублажување на ефектите од негативниот шок врз економијата.
Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (КОМП) на вчерашната седница ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.
– По намалувањето на основната каматна стапка во јануари и март, на оваа седница на Комитетот се донесе одлука за нејзино повторно намалување за 0,25 процентни поени, со што таа ќе изнесува 1,5 проценти. Истовремено, по намалувањето на износот на благајнички записи којшто беше понуден на априлската аукција, на седницата беше одлучено понудата на благајнички записи на аукцијата што ќе се одржи денеска да се намали за нови седум милијарди денари. Заедно со средствата коишто беа ослободени со намалената понуда на благајнички записи на аукцијата во април се ослободуваат вкупно 15 милијарди денари, коишто се очекува да овозможат натамошна поддршка на македонската економија преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем, соопшти Народната банка.
Оттаму објаснуваат дека одлуката за натамошно монетарно релаксирање се темели на стабилизирањето на очекувањата и довербата на економските субјекти во последниот период, видливо преку подобрените движења на девизниот пазар и кај депозитите во банкарскиот систем. Тие околности, при истовремено комфорно ниво на девизните резерви и умерена инфлација, а при оцена за неповолни ефекти од здравствената криза врз економската активност на краток рок, отвораат простор за натамошна поддршка преку монетарната политика.
-Ова релаксирање на монетарната политика се очекува да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките, како и за обезбедување дополнителна ликвидност во банкарскиот систем, којшто соодветно ќе може банките да ја искористат за поддршка на домашната економија преку зголемување на кредитната активност и ублажување на ефектите од негативниот шок врз домашната економија, информира централната банка.
На седницата е одлучено да се направат и дополнителни промени преку коишто од централната банка ќе им се овозможи на банките поголем пристап до ликвидност, доколку во следниот период се појави таква потреба, што индиректно отвора и дополнителен простор за зголемена кредитна поддршка на економијата.
Поконкретно, известуваат од банката, со овие промени се прошири опфатот на хартиите од вредност коишто Народната банка може да ги прифати од домашните банки како инструменти за обезбедување денарска ликвидност во банкарскиот систем. Така, при спроведување на монетарните операции за откуп на хартии од вредност на привремена или дефинитивна основа, Народната банка ќе може да ги прифаќа и домашните државни обврзници со најдолга рочност (15 и 30 години), како и еврообврзниците издадени од страна на државата на меѓународните финансиски пазари, коишто се во сопственост на домашните деловни банки.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Потенцијална инвестиција од една милијарда евра во когенеративна гасна постројка
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Британски суд осуди албански државјанин, кој извршил грабеж и во вилата на фудбалската ѕвезда, Рахим Стерлинг
-
Бомбата за Раде Штекли најавена на „тикток“ | ВИДЕО
-
Во петок дожд и снег на планините, за викендот стабилно и студено време