Нов мебел во студентските домови
Интензивно се реализираат најавите за набавка на целосно нов мебел за сите државни студентски домови. Компанијата која на јавниот повик на Министерството за образование и наука за изработка на мебелот достави најповолна понуда, истиот го изработи и согласно дефинираната динамика, веќе го дистрибуира во студентските домови во главниот град, каде има и најголема концентрација и фреквентност на студенти. Досега, целосно е опремен реконструираниот блок А во студентскиот дом “Гоце Делчев“.
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски неодамна информираше дека согласно очекувањата, набавката на новиот мебел целосно ќе се реализира до крајот на месец април.
“Според договорот е предвидено набавка на нови кревети, душеци, маси, столици, бироа и плакари за сите 10 државни студентски домови. За оваа инвестиција од буџетот на Министерството за образование и наука одвоени се 100 милиони денари“, рече Ристовски.
Покрај набавката на новиот мебел, Владата и МОН минатата година извршија целосна промена на сите постоечки лифтови во сите студентски домови, за што беа инвестирани 15 милиони денари, а во тек е и инсталирањето на машините за перење и сушење – инвестиција во вредност од 11 милиони денари.
Ново на Сител
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро