Македонија
26. November 2022 - 16:31

Нов концепт на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Да се врати театарот дома. Ова ќе биде главниот концепт за фестивалот „Војдан Чернодрински“, кој ќе го спроведува новата претседателка Ана Стојаноска. Театарски претстави на отворено на повеќе локации надвор и во Прилеп. Градот да прерасне во една голема театарска сцена. Подкасти за помладата публика едни со историска тематика, а други за актуелната состојба. Детски работилници, затоа што публиката се гради уште од мали нозе, добивање на фестивалот на една нова еко димензија. Ова ќе бидат само дел од новините кои се планираат.

„Идејата е да има неколку претстави кои ќе се случуваат пред да започне официјално фестивалот, но начелно сакам тие 7-8 дена да живее на разни страни низ Прилеп. Така што сите тие претставии кои ги имам замислено по улиците, на плоштадот, Могилата на Непобедените, Марковите Кули, разни алтернативни сцени да функционираат во тие денови. Нека биде еден подарок од Фестивалот за градот да се случува театар постојано“, рече Ана Стојаноска, претседателка на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Фестивалот ќе биде поделен на три дела официјалната програма, оф програмата и новиот трет дел кој што ќе биде новина т.н. шоу кејс на независната продукција која се занимава со домашна драма. Секој 27 ми пак во месецот ќе се објавуваат и едукативни кратки видеа за театарот.

„Убавото со фестивалите е дека сите треба да се слушнеме на некој начин и публиката да ја слушнеме и стручните мислења да ги слушнеме и затоа планирам повторно да се воведат тие разговори на тркалезните маси. За време на фестивалските денови ќе сторам напор да сите учесници останата тука во Прилеп, да бидат тука сместени, да се дружат, да се едуцираат, да разговараат затоа што целта на еден фестивал е токму тоа да продуцира следни изведи кои што ќе бидат многу подобри“, додаде Стојаноска.

Новина исто така ќе биде и воведувањето на „Автор во фокус“, годинава тоа е Коле Чашуле, а идната година ќе биде Горан Стефановски. Дел од придружните и централните манифестациии ќе се занимаваат во еден дел со тој автор. Како дел од новата концепција веќе започнаа едукативни работилници на Фестивалот за ученици и наставници од Прилеп.