Нов компјутер за децата од Дневниот центар во Делчево
Учениците од СОУ „М.М. Брицо“ донираа компјутер на децата во Дневен центар за лица со посебни потреби, а средствата беа собрани од влезниците на нивната драма „Преку ѕидот“, во која улоги имаа и деца од Дневниот центар.
Славица Димитрова, социјален работник во Дневниот центар, денеска истакна дека оваа нововоспоставена комуникација на децата со посебни потреби и средношколците, е од големо значење за социјализација на децата со хендикеп.
- Децата денеска беа премногу радосни и среќни што добија нов компјутер, бидејќи ние имавме стари кои и не беа во функција. На компјутерот веќе работи еден наш штитеник, момче со церебрална парализа, па еве, во име на сите деца во Центарот, јас изразувам голема благодарснот на средношколците и на наставничките кои минатата година доста работеа со овие деца во подготовката на драмата „Преку ѕидот“. Тие тогаш ветија, а сега го исполнија ветувањето и средствата од влезниците ги донираа за потребите на Дневниот центар, рече Димитрова.
Таа додаде дека соработката со среднишколскиот училишен центар од Делчево ќе продолжи и во иднина.
- Разговаравме за поголем волонтерски ангажман на средношколците во Дневниот центар. Тие да се вклучуваат во работата на Дневниот центар, кога овие наши штитеници имаат потреба за тоа, рече Димитрова.
Недоамна заврши и реконструкцијата на Дневниот центар, при што и вработените и децата добија потопли простории и современи услови за работа и престој во центарот, а преку проектот за Општинско-корисна работа, дополнително се анагажирани еден дефектолог и еден кинезитерапевт. Во делчевскиот Дневен центар се згрижени 18 деца со посебни потреби од Делчево и Македонска Каменица.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка