Нов итен состанок на СБ на ОН за Сирија

Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи итна седница на барање на Русија. Тема на состанокот е заканата по меѓународниот мир поради евентуалните воздушни напади на САД и сојузниците врз Сирија.
Русија, со поддршка од Кина и Боливија побара од генералниот секретар на ОН, Антониот Гутререш да го брифира СБ за новонастанатата ситуација во Сирија.
Состанокот, што е закажан за 16 часот по средноевропско врема, ќе биде отворен за јавност.
Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја вчера апелираше до САД и нивните сојузници да се воздржат од воени акции против Сирија поради наводниот напад со хемиско оружје, истакнувајќи оти „итен приоритет е да се спречи опасноста од војна“.
Тој одговарајќи на прашање дали мисли на војна помеѓу САД и Русија, наведе дека „за жал, Русија не може да да исклучи ниту една можност“.
- Ги видовме пораките кои доаѓаат од Вашингтон. Многу се воинствени, потенцира Небензја.
Тој додаде дека САД знаат дека руски сили се распоредени во Сирија.
- Опасноста од ескалација е многу поголема кога станува збор за самата Сирија, бидејќи нашата војска е таму... Затоа ситуацијата е многу опасна, истакна рускиот амбасадор во ОН.
Ново на Сител
-

ЕУ и препорачува ригорозни безбедносни проверки на Србија при доделување државјанство на странци
-

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада
-

Јокиќ постигна 55 поени во триумфот на Денвер против Клиперс
-

Поларна светлина на небото над северна Белгија и Холандија
-

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето
-

Утрото студено, а потоа сончево со температура до 20 степени
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови
