Балкан
28. January 2016 - 9:14

Нов инцидент во Егејското Море- загинаа 11 мигранти од кои седум деца

Најмалку 11 мигранти  од кои повеќето деца, загинаа откако потонал чамец во близина на грчкиот остров Самос во Егејското Море.

- Спасени се 10 луѓе и откриени тела на 11 мигранти од кои седум деца, соопшти грчката крајбрежна стража. 

Тоа е втор инцидент во изминатите два дена. Чамец со мигранти вчера потона во близина на грчкиот остров Кос при што загинаа седум луѓе меѓу кои и две деца.