Македонија
11. September 2023 - 21:15

Нов граѓански протест со барање одговорност за случувањата на Онкологија

На протестот беше испратен ултиматум до обвинителството во рок од најмногу седум дена да излезе со резултатите од истрагата. Се побара и одговорност од поранешните министри за здравство и директорите на онкологија како и целосна ревизија на работата на клиниката. Мора да има обвинувања за случајот, порачаа организаторите.

На протестот и тажни сведочења на луѓе кои ги изгубиле најмилите, но и довербата во здравтсвото. Пораката која ја испратија е дека овој криминал на тргување со лекови на сметка на човечки животи е надполитички и надпартиски и дека никој не смее да печали политички поени бидејки сите гарнитури се виновни.

Организаторите најавија дека протестите ќе зачестат и ќе се радикализираат доколку во скоро време не се исполнат нивните барања.