Кошарка
22. July 2016 - 20:28

Нов дебакл на македонските кошаркарски "надежи"

 Младата кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе нов убедлив пораз во рамките од Б дивизијата на Европското првенство за играчи до 20 години, што се одржува во Грција. 
 
Денеска, во натпревар за разигрување за пласман од 9 до 16 место,  избраниците на селекторот Малинков беа убедливо совладани со 33 поени разлика од селекцијата на Русија со 92-59, по четвртини 19:12, 26:21, 24:8 и 23:18, 
 
Во нашата селекција најефикасен беше Андреј Цветковски  кој средбата ја заврши со 16 постигнати поени, а двоцифрен број поени (10) постигна  и Виктор Ефремовски. 
 
Ова беше четвртиот пораз во петте одиграни натпревари досега, по што црено-жолтите утре ќе играат разигруваат со поразениот од дуелот Ирска – Словачка и тоа за пласман од 13 до 16 место во терминот од 15:30 часот.