Тенис
5. November 2015 - 8:06

Нов блесок на Федерер, „гази“ и Надал

Роже Федерер одигра уште еден блескав меч оваа сезона. На Мастерс турнирот во Париз, Швајцарецот за само 47 минути го „преслуша“ Италијанецот Сепи со резултат 6-1,6-1 и избори осминафинале со Џон Изнер. 

Лесна и убедлива победа оствари и Рафа Надал кој со  6-2,6-2 го исфрли Чехот Росол. 
Енди Мареј со 6-2,6-1 го елиминира Хрватот Борна Ќориќ додека  Марин Чилиќ загуби во драматичен меч од Бугаринот Димитров со 7-6 и 7-6.