Македонија
8. September 2022 - 16:47

Нов апарат за онколошки пациенти во болницата 8ми септември

Градската болница 8 септември доби нов апарат за зрачна терапија. Апаратот во вредност од 116 милиони денари, треба да биде целосно ставен во функција до крајот на годината.

- Како одговорна Влада која се грижи пред сѐ за граѓаните и работи во нивен интерес, направивме се што е во наша моќ да ги обезбедиме потребните услови и дозволи и да го ставиме во функција. Токму затоа, симболиката на денешниот ден е јасна. Не случајно го избравме, Денот на независноста – 8 Септември да го презентираме овој значаен проект во истоимената болница.

Директорот на болницата  д-р Христијан Костов на денешната презентација истакна дека после тешката ковид пандемија поставувањето на ваков апарат е од големо значење за сите граѓани.

Со поставување во целосна функција овој апарат ќе можат да го користат 35 пациен ти дневно а истиот ќе отвори и нови вработувања.