Loading Video...
Ракомет
22. January 2020 - 15:02

Норвежаните во полуфиналето за кое останува уште едно слободно место

 
Норвешка е третата селекции кои обезбедија пласман во полуфиналето на Европското ракометно првенство 
 
Со победата над Исланд 31-28  и максималниот учинок, како и поразот на Унгарија од Шведска 18-24, ракометарите Норвешка го осигураа својот пласман во полуфиналето на ЕП. 
 
Дали Норвежаните ќе стартуваат од првото или второто место ќе зависи од утрешниот меѓусебен дуел со Словенија во кој на скандинавците доволен им е и бод. 
 
Доколку Норвешка загуби тоа ќе значи и пласман на Словенија во полуфиналето, а доколку победи, Унгарците ќе мораат да слават во дуелот против Португалија па тие да се вбројат меѓу четирите селекции кои ќе се борат за медал. 
 
Денеска на шампионатот се играат дуелите од последната рунда во групата 1 во која дуелот меѓу Шпанија и Хрватска, селекции кои веќе обезбедија место во полуфиналето, само ќе решава која репрезентација ќе заврши како прва, а која како втора во групата. 
 
РАКОМЕТ – ЕП ГРУПА 1  (Виена, Австрија) Последно 4.коло 
16:00 Хрватска  - Шпанија
18:15 Белорусија  - Австрија
20:30 Чешка  - Германија
 
ТАБЕЛА
1.  ШПАНИЈА       6
2.  ХРВАТСКА       6
3.  ГЕРМАНИЈА     4  ќе разигрува за 5.место  .
4.  АВСТРИЈА        2
5.  ЧЕШКА              0
6.  БЕЛОРУСИЈА   0